Мицкоски потенцираше дека за оваа тема не треба ни да се помисли да се преговара, едноставно е недозволиво.

Објавил: Владо Марин | 1 мај, 2020 10:49

Мицкоски: Името Гоце Делчев е Македонија, за него нема преговарање!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Недозволиво е да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи тоа е Македонија, рече во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во врска со последните изјави околу Гоце Делчев и Крсте Мисирков, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вчера на ТВ Алфа рече дека името Гоце Делчев е всушност Македонија и дека тука нема што да ие разговара, како што нема што да се разговара и за македонскот јазик.

Како да не ме погаѓа темата за Гоце Делчев?

Ние зборуваме за Гоце Делчев, овој народ го одбрал тој јунак и околу тој јунак ја содавала државава, нагласи Мицкоски.

Можеби во некои минати времиња не толку често се споменувале Татарчев, не знам Протугеров или било кои други јунаци. Но. Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава, посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека за оваа тема не треба ни да се помисли да се преговара, едноставно е недозволиво.

За одржувањето избори, во контекст на најавите на генералниот секратар на СДСМ, Николовски, дека тие ќе се одржат со маски и ракавици и држење дистанца, Мицкоски истакна:

„Нас во ВМРО – ДПМНЕ здравјето на граѓаните ни е приоритет, потоа економијата да тргне или што се вели да застане на нозе и да им се врати самодовербата на луѓето по сите овие карантини. Во првите три приоритети не станува збор за избори. Важно е здравјето, да тргне економијата и луѓето да си ја вратат самодовербата. Треба да се врати вербата во државата, посочи тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести