Воедно и лидерот на Левица, партијата која освои два пратеника на изборите, Димитар Апасиев, јавно соопшти дека ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 18:32

Мицкоски и Ахмети разговараа за ново парламентарно мнозинство!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако вчера албанскиот весник Лајм објави дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкосски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети се договориле за формирање на нова Влада, денеска и официјално остварија средба со што Мицкоски тргна кон создавање парламентарно мнозинство потребно за мандат и нова влада.

Воедно и лидерот на Левица, партијата која освои два пратеника на изборите, Димитар Апасиев, јавно соопшти дека ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа.

Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана во Владата на Никола Груевски 2006-2008. Моментално е амбасадор на Република Македонија во Белгија ( по предлог на ДУИ), и е дипломиран економист на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина, во  1992 година, а потоа и нејзин претседател. На функцијата заменик-генерален директор на ЈСП- Скопје бил од 2001-2005.

Мицкоски и Ахмети оствариле средба во македонското собрание, каде разговарале нешто повеќе од еден час за создавање коалиција за нова влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, доколку обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, тогаш ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, што е доволно за мандат и за нова влада.

За потсетување, вчера порталот Лајм, повикувајќи се на партиски извори, објави дека Мицкоски и Ахмети се договориле за нова Влада, а премиер да биде Лазе Еленовски, кој ќе се декларира и за Македонец и за Албанец, со оглед дека е од мешан брак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести