Извршен е атентат, Македонија веќе не е правна држава, ќе поднесеме кривични пријави за Заев и Џафери изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јануари, 2019 7:32

Мицкоски најави кривични пријави за Заев и Џафери

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Извршен е атентат и Македонија не е повеќе правна држава. Ќе следуваат и кривични пријави за Заев и Џафери изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа одржа состанок со партиите од коалицијата за подобра Македонија и во својата изјава за новинарите, истакна дека коалициските партнери ја поддржале идејата за предвремени избори заедно со претседателските и бара веднаш распуштање на Собранието на Република Македонија. На средбата било разговарано исто така и за моменталната политичка состојба во Македонија.

Извршен е атентат, Македонија веќе не е правна држава, ќе поднесеме кривични пријави за Заев и Џафери за Законот за двојазичност и претставка до Уставниот ,изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коалициските партнери во односот на уставните измени, го осудија чинот на уцени,закани и на пристисоци,а се со цел остварување на политички цели додаде Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести