Мицкоски потенцираше дека тој утрово се потпишал во општината каде што живее.

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 февруари, 2021 18:47

Мицкоски: На над 300 локации низ земјава се потпишуваат против фалсификат попис, потребен е европски и објективен попис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посетата на фабриката МИК Свети Николе зборуваше и за денешната иницијатива која ја започна ВМРО-ДПМНЕ ширум целата државата за поништување на Законот за пописот и посочи дека голем број на граѓани денес излегле и се потпишале дека се против овој фалсификат попис  кој СДСМ и Заев сакаат да го истуркаат.

Па врз основа на оние информации кои што ги имам се дека повеќе од 350 пунктови  и врз основа информациите кои ги добивам дека навистина се одвива перфектно. Многу граѓани би рекол илјадници наши граѓани се одзваа на оваа иницијатива и го дадоа својот потпис.

Така очекувам  и деновите кои што следат, а тие потписи да бидат поддршка на иницијативата на пратениците која што ќе  биде доставена до спикерот во Парламентот за поднесување закон со кој што ќе бараме поништување на овој би рекол неевропски и наместен закон за попис односно неевропски и наместен попис кој што сакаат СДСМ и Зоран Заев да го спроведат со нивните коалициони партнери.

Замислете четири години ние буквално потонавме во ова политичко мочуриште, во оваа политичка тиња, буквално ниту еден проект не направија почнувајќи од почеток до крај, замислете на што ќе личи овој попис направен во 20 дена по рецептата скроена од Зоран Заев и СДСМ. Јас ќе ви кажам дека тоа ќе биде една обична бламажа и еден обичен срам, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тој утрово се потпишал во општината каде што живее.

Јас утрината се потпишав, во скопската населба Карпош 3 која е дел од општината Карпош каде што живеам, додаде тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести