Мицкоски додаде „никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност и ќе зборувам со секого“.

Објавил: admin@magazin | 8 мај, 2021 16:18

Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ние разговараме за правда. Тоа е основното нешто што треба. Ние сме политичари кои треба да се грижат, граѓаните имаат загарантирана правда и нема никогаш да бидам мирен ако видам и еден човек кој доживеал неправда поради политичко дивеење врз судски одлуки“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Мицкоски додаде „никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност и ќе зборувам со секого“.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ објасни дека не станало збор за амнестија.

„Ние не бараме амнестија,  туку бараме правда. Што значи тоа? Тоа значи дека овие луѓе кои се обвинети за терористичко – загрозување на уставниот поредок поради непостапување е навистина драконски, и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек  и врз основа на новите докази кои бранителите ги поседуваат да побараат правда во трет степен како што е Врховниот суд или Европскиот суд за човекови права“, рече Мицкоски.

Според него ако можеа случаите Сопот и Монструм, поради една изјава на Зоран Заев кој рече дека не се сторителите тие кои се сторители да започнат од почеток, тогаш зошто и овој случај да не почне од почеток.

„Не гледам зошто овие „терористи“ според Кацарска и Заев, врз основа на нови докази од бранителите, овој случај да го почна од почеток, и да докажат дека не се терористи, но и дека   направиле грешка затоа што прекршиле закон и ќе одговараат за тоа, а не затоа што некој политички дивеел “, посочи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести