Посочи дека пред Мицкоски да покажува документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 октомври, 2019 10:46

Мицкоски ќе биде повикан на распит за случајот Рекет?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека не ја исклучува можноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски да биде повикан на распит за случајот „Рекет“.

Мицкоски тврди дека има копии од записниците на сведоците за аферата „Рекет“.

Посочи дека пред Мицкоски да покажува документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон.

Пред да мавта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во Основното јавно обвинителство, а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Бев презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред еден месец во гостување на телевизија АлсатМ, потврди дека има копии од записниците на сведоците за аферата „Рекет“ и истакан дека нема да биде изненаден доколу биде уапсен по наредба на премиерот Зоран Заев, од страна на обвинителката Вилма Рускоска.

Мицкоски рече дека во државата постојат двојни стандарди. Тој направи споредба на поседувањето на искази доставени од свиркачи и поседување на нелегално прислушувани материјали, иако правните експерти реагирале бурно по вчерашната изјава во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски неколку пати истакна дека како партија ВМРО работи за јавниот интерес. Тој истакна дека ако со истрагата за „Рекет“ се загрози јавниот интерес, тогаш како партија ќе реагираат соодветно, па ќе ги објават материјалите кои ги поседуваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика