Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена, појаснуваат од судот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 мај, 2019 17:16

МИЈАЛКОВ НА СЛОБОДА: Укинат куќниот притвор за поранешниот директор на УБК, САШО МИЈАЛКОВ!

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Сашо Мијалков поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, како што соопшти Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 му ја укина мерката куќен притвор по кој беше обвинет.

На 8 март 2019 година Сашо Мијалков беше осуден на три години затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување, а во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.

Пред да се формира СЈО, партијата СДСМ во секоја прилика го споменуваше Мијалков како “криминалец, главен мафијаш, братучед на диктаторот, злоупотребувач на тајната полиција“ и слично. Но, пред неколку месеци премиерот Заев рече дека тоа е човек кој помогнал за убедување на пратеници да се смени Уставот, а јавноста шпекулира дека денес тој е во многу блиски бизнис односи со Вице Заев.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков која ја доби по изрекувањето на пресудата за предметот „Титаник 2″ на СЈО, и му одреди мерки на претпазливост да се јавува во судот, а привремено му е оземена патната исправа и не смее да ја напушта државава ниту со лична карта.

Како што соопштија од Основниот суд Скопје, постапувајќи по службена должност во кривично – правен предмет против С.М. согласно член 173 ст.1 т.6 в.в. со ст. 3 в.в. со член 481 ст.4 в.в. со член 146 ст.1 т.2 и 3 в.в со ст.2 од ЗКП Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое се укинува мерката куќен притвор за обвинетиот определена со решение на Апелациониот суд – Скопје од 28 март 2019

Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена, изјавија од судот. Со решение на Апелациониот суд – Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно член 481 ст.2 в.в. со член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, соопштуваат од судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести