Во оваа цена од 10.300 денари е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).

Објавил: Перо Милчин | 8 мај, 2019 20:45

Навивај за ВАРДАР по цена од 300 евра во Келн!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На 1 и 2 јуни, Вардар оваа година ќе биде дел од завршниот спектакл во Лигата на шампионите, фајналфор турнирот во Келн.

Од денеска сите заинтересирани навивачи кои сакаат да ги бодрат „црвено-црните“ на овој турнир во Келн, ќе имаат можност да ги купат билетите за овој настан и тоа онлајн, а исто така и во фан шопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански”.

Оваа информација ја соопшти македонскиот шампион ВАРДАР. Сите билети за натпреварот, што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218, во салата и цената на истите е 18.300 денари.

Во оваа цена од 18.300 денари, е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).

Ракометниот клуб Вардар — ракометен клуб од Скопје, поранешен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на Македонската ракометна Супер лига и на Македонскиот Куп. 

РК „Вардар“ е првиот неофицијален првак на Македонија, бидејќи во 1992 година, во времето на распадот на СФРЈ, во конкуренција на неколку македонски екипи, во турнирски систем го освои првото место.

Ракометниот клуб „Вардар“ е основан во 1961 година, како дел од спортското друштво „Вардар“ и во тоа време редовно настапувал во ракометнала лига на Македонија и во Втората југословенска лига.

Најголемите успеси, клубот ги постигнал по осамостојувањето на Македонија, кога започнал напредокот на клубот. Во 1997 година започнале најголемите успеси на РК „Вардар“, кој е првиот клуб што успеал да ја прекине доминацијата на РК „Пелистер“ од Битола во македонската ракометна лига.

РК „Вардар“ е убедливо најтрофејниот машки ракометен клуб во Македонија, со освоени бројни трофеи во првенството и во купот. Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател.

Како признание на остварените успеси, во 2016 година „Вардар“ ја добил наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести