Дијаспората иако критикувана од СДСМ и ДУИ дека не смее да гласа на избори сепак пожелна да гласа на Референдумот за промена на името и националниот идентитет на Македониците

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 14:47

Над 540 пријави од дијаспората за гласање на референдумот од кои најмногу во Лондон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вкупно 542 пријави заклучно до 13 часот доставени се преку веб апликацијата до Државната изборна комисија од граѓани за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. 

Најголем број од пријавите се пристигнати ос исленици во Велика Британија. 

Од нив 473 пријави се прифатени – девет се одбиени а останатите се во обработка. 

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Лондон – 50 во Берн – 44 во Торонто – 36 во Виена – 31 и во Љубљана – 29.

Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список од ДИК информираат дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 821 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 95 во Радовиш – 83 и Струмица – 78.

Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација. 

Граѓаните може да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести