Скандалозен марш за правдата вчера беше организиран од страна на СДСМ

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 18 февруари, 2020 11:07

Народот на Заев вчера му кажа „МАРШ“

Фото/Текст извор: ©магазин

Вчера од страна на СДСМ беше организиран марш под мотото „Чекориме за правдата“. Овој марш е организиран во знак на поддршка на предлог законот за ЈО кој беше донесен пред неколку дена. Инсистирањето на политичарите од редовите на СДСМ овој предлог закон да стапи на сила произлегува од внатрешните контрадикторности на законот. Прво бидејќи законот дозволува амнестија од одговорност на криминал што беше откриен во јавноста и познат како „Рекет“ и вмешаноста на врвот на СДСМ во тој криминал. Второ законот беше донесен на противправен начин бидејќи на првото гласање во Собранието на кое со 74 гласа „ЗА“ не беше усвоен законот, гласањето беше поништено и повторено за да се обезбеди негово изгласување по втор пат. Очигледно е дека СДСМ дава огромни напори предлог законот да стапи на сила, но организирањето на маршот очигледно беше тежок скандал.

Административните работници покрај членството на СДСМ беа превезувани со автобуси од сите делови на Македонија со цел да дадат поддршка на маршот. Тоа не е прв случај во историјата на македонската политика и претходната влада на чело со ВМРО – ДПМНЕ го правеше истото. Корумпираноста и исполитизираноста на администрацијата е огромен проблем за целото општество, додека за административците нивното влечење по автобуси за да маршираат е големо понижување. Никогаш не ми било и не може да ми биде јасно како тие луѓе си ја продале честа, угледот и достоинството на една политичка партија само заради добивање на работа. Самиот факт што некој својот политички хабитус и битие го продава на политичка партија заради работа покажува дека или е неспособен да се вработи сам или е навикнат да се раздава на секаде (проституирање).

Прости им боже не знаат што прават!

Бројот на луѓе кои беа излезени на маршот беше евидентно мал. Излезеноста на маршот покажа дека се работи за откажување на поддршка и симпатии од страна на народот. Така тоа секогаш биднува, луѓето ги сакаат победниците, во потсвеста на сите им е јасно дека шансите СДСМ да ги добие следните избори се минимални. Оние кои до вчера маршираа за СДСМ утре ќе маршираат за ВМРО – ДПМНЕ тие одат таму каде што има пари, интереси, работа или сендвичи, не одат каде што има идеал и чувство на припадност.

Степенот на излезенот покажа и дека независните не даваат поддршка и со тоа испратија јасна порака до Заев:

-Дека ни е доста од неговите криминали.

Инсистирањето на законот за ЈО е обид на Заев по втор пат да си обезбеди амнестија за својот криминал. Имено во неговото политичко досие меѓудругото забележано е и дека човекот е аболициран криминалец.

-Дека ни е доста да ни ја баждари државата со кој ќе стигне

Заев ветуваше дека промена на уставот нема да има, за само неколку месеци порача од говорница да не си играме играчки, промена на уставно име мора да има. Таков ум и карактер може секој да го уцени, затоа на политичките лидери од другите земји посебно на оние од ЕУ им е најлесно да преговараат со него.

-Дека ни е доста од тоа да не става сите „одозгора на тога“

Референдумската волја не ни ја испочитуваа, молкот не значел ништо, бојкотот не кажувал сам по себе ништо само „да“ и „не“ значеле нешто. Се надевам дека молкот и бојкотот на вчерашниот марш доволно му кажаа на Заев и на неговата тајфа.

Еден дел од народот јасно и гласно му кажа на Заев – „МАРШ“, било непоновило се „одозгора на тога“ никада.

Друг дел од народот маршираше чекор по чекор по својот лидер, за нив само молитва оти ПРОСТИ ИМ БОЖЕ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ!

На Заев пак, требаше да му се појави Атиџе и да му ја посвети овој пат нему песната: „Чекор по чекор јас чекорам, срце сега мила мајко болки кријам, тебе мила мајко не кажувам!“

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...