Како што јавува „Сител“, токсична материја метил акрилат се излеала внатре во фабриката при чистење на контејнер. Хемикалијата не е запаллива но, може да предизвка гушење и штипење на очите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 ноември, 2019 18:01

НАЈНОВА ВЕСТ: Припадници на АРМ влегоа во “ОХИС”- Детали за несреќата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Е МАГАЗИН

По хаваријата која се случи попладнево во фабриката „Охис“при преточување на цистерна неконтролирано почнала да истекува токсичната материја, припадници на АРМ пред малку влегоа во кругот на Фабриката „Охис“ во Скопје.

Како што јавува „Сител“, токсична материја метил акрилат се излеала внатре во фабриката при чистење на контејнер. Хемикалијата не е запаллива но, може да предизвка гушење и штипење на очите.

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи вршат увид во кругот на фабриката „Охис“ каде што се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. 

Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА појаснуваат дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, истакнува за МИА инспектор кој е на терен.

Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести