Претседателот на највисокото тело за организирање и мониторинг на изборни процеси во Македонија, дециден дека технички и предвремени избори си имаат рок во организацијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 6:53

На ДИК му требаат минимум 52 дена за да организира предвремени избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски дециден дека со или без Пржинска влада и политички договор, на ДИК му требаат минимум 52 дена да организира предвремени избори.

Треба да има Пржинска влада, не треба, колкав е рокот? Можно ли е да има релевантни парламентарни избори ако се организираат предвремени избори без техничка влада, или техничка влада со помал рок? Околку оваа дилема се огласи и претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Како претседател на ДИК ова не можам да го коментирам, но она што можам да го кажам, да апелирам до сите да ги почитуваат законите, затоа што се друго и непочитување на законите ќе не внесе во нова политичка криза. – вели Деркоски, и додава дека политичарите мора да сфатат дека мора да се почитуваат прописите бидејќи во спротивно ќе се случи нова политичка криза.

Дерковски како претседател на највисокот тело за организирање и мониторинг на избори сепак е дециден како ДИК капацитетн и временски може да одговори на предизвикот.

На ДИК ни требаат минимум 52 дена, со скратени рокови како што предвидуваат законите, за да ги организираме евентуалните предвремени избори, а со цел да ги подготвивме сите дејствија согласно роковникот утврден во изборниот законик, со цел да се стигне навреме да се стигне да се заврши секое дејствије предвидено во истиот. Значи 52 дена е минимумот кој што може да ги задоволи барањата за еден нормален изборен процес со скратени рокови. – објаснува тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести