Муницијата била пронајдена во џебовите на осомничениот и под седиштето во автомобилот, соопштија од Обивинителството.

Објавил: admin@magazin | 10 мај, 2019 21:29

На патот Кичево-Гостивар запленето големо количество муниција во автомобил !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Скопјанец, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што соопштија од обвинителството, на 9 мај 2019 година на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во претрес на возило во кое осомничениот 24-годишен Скопјанец кој се превезувал како сопатник, биле пронајдени вкупно 612 куршуми муниција за пиштоли со различен калибар.

Исто така од обвинителството соопштија дека ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице во кое е пронајдено големо количество на оружје.

На 9 мај 2019 година на магистралниот пат Кичево-Гостивар, при претрес на возило во кое осомничениот 24-годишен жител на Скопје се превезувал како сопатник, биле пронајдени вкупно 612 куршуми муниција за пиштоли со различен калибар. Муницијата била пронајдена во џебовите на осомничениот и под седиштето во автомобилот, соопштија од Обивинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести