Невиден скандал

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 март, 2021 7:35

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Во Италија се најдени 29 милиони скриени вакцини, се огласија од АстраЗенека

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

АстраЗенека објави дека 29 милиони дози вакцини се пронајдени во фабрика во Италија , а биле наменети за Европската унија и за донации во посиромашните земји преку програмата COVAX предводена од Светската здравствена организација (СЗО).

На барање на Европската комисија, италијанските безбедносни сили извршиле инспекција за викендот во фабриката „Каталент“ во Анањи близу Рим и таму пронашле залиха на дози од вакцината „АстраЗенека“, пишува „Ла Стампа“. Италијански официјален претставник подоцна го потврди извештајот за инспекцијата и рече дека дозите ќе бидат испратени во Белгија.

Серија реакции на извештајот покажуваат ниво на недоверба кон англо-шведскиот производител, што го намалил снабдувањето со вакцини на Унијата до крајот на јуни на 100 милиони дози, наместо на 300 милиони дози, според договорот со блокот од 27 членки. Пронајдените 29 милиони дози на вакцина АстраЗенека се доволни за вакцинирање на 14,5 милиони луѓе.

За време на инспекцијата, во близина на Рим беше откриено залиха од скоро 30 милиони дози. Сега е запленета”, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал по состанокот на владата.

„ЕУ нема да страда поради грешките на другите луѓе во врска со вакцинацијата“, нагласи тој.

Европратеникот Питер Лизе, од иста партија со германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека извештајот го оставил без зборови и ја повика АстраЗенека да ја разјасни ситуацијата. AstraZeneca објасни денеска дека повеќето дози од фабриката Каталент се наменети за ЕУ, а остатокот е за посиромашните земји преку програмата COVAX.

“Во моментов, не е планиран извоз, освен во земјите преку COVAX. 13 милиони дози вакцини чекаат контрола на квалитетот, за да можат да бидат испорачани до COVAX”, соопшти компанијата. Останатите 16 милиони дози ќе бидат доставени во Европа во март и април, додаваат тие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.