Муск претходно изјави дека ќе ги премести фабриката и седиштето на компанијата од Калифорнија, доколку властите не дозволат отворање во контекст на ограничувања поради пандемијата.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2020 15:17

НЕКА МЕ УАПСАТ: Директорот на автомобилите “ТЕСЛА” нареди да се отворат фабриките!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Производителот на електрични автомобили Тесла ја отвори својата фабрика во Калифорнија и покрај забраната за работа во таа американска држава.

Директорот на компанијата, Елон Муск, на својот профил на Твитер изјави дека ќе се врати на работа во фабриката во понеделник. Тој исто така изјави дека ако некој треба да биде уапсен – нека биде тој.

Муск претходно изјави дека ќе ги премести фабриката и седиштето на компанијата од Калифорнија, доколку властите не дозволат отворање во контекст на ограничувања поради пандемијата.

Иако сојузната држава се одрече од претпазливост, округот Аламеда во близина на Сан Франциско, каде се наоѓа фабриката, не го стори истото.

Муск во неделата рече дека Тесла поднела тужба против округот. Сепак, наместо да го чека резултатот од правниот притисок, Муск нареди отворање надвор од локалното законодавство, пренесува Кликс.

Полицијата соопшти дека биле известени за настанот, но дека тие би постапиле само во случајот со наредбата на здравствените лидери во округот.

Во изјава до работниците, компанијата Тесла потенцира дека одлуката за враќање на работа е во согласност со одредбите на државата Калифорнија.
Фабриката за електрични автомобили го прекина производството на 26 март.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.