Претседателот Пендаровски информираше вчера дека  ја потпишал одлука за преименување на војската.

Објавил: Весна Петровска | 4 јули, 2019 15:11

НЕМА ВЕЌЕ АРМ: Ова е новото име на македонската армија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

АРМ замина во историјата, новото име на македонската армија е Армија на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски информираше вчера дека  ја потпишал одлука за преименување на војската.

Пендаровски ја потпиша одлуката за преименување на АРМ во АРСМ

Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

– Името на Армијата е Армија на Република Северна Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна, изјави претседателот Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на Армијата на нашата јужна граница.

Со новото име автоматски треба да се сменат и униформите и да се набават нови со новото име.

Во однос на иницијативата за изменување на Изборниот законик Пендаровски рече дека тој нема надлежност да одлучува туку тоа е работа на политичките партии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести