Тоа значи, дека доколку Катица Јанева се обиде да ја напушти државата, тоа ќе може да го стори без проблем.

Објавил: Весна Петровска | 19 јули, 2019 19:37

НЕМА НАРЕДБА „S“ ЗА ШЕФИЦАТА НА СЈО: Катица е слободна ко птица

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Јавното обвинителство за организиран криминал во куса изјава за „Република“ демантира дека за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е издадена наредба „Ѕ“ – стоп на граничните премини и за нејзино приведување, поради инволвираност во случајот „Рекет“ за кој веќе во триесетдневен притвор се наоѓаат Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Јавното обвинителство за организиран криминал во куса изјава за „Република“ демантира дека за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е издадена наредба „Ѕ“ – стоп на граничните премини и за нејзино приведување, поради инволвираност во случајот „Рекет“ за кој веќе во триесетдневен притвор се наоѓаат Бојан Јовановски и Зоран Милеск

Тоа значи, дека доколку Катица Јанева се обиде да ја напушти државата, тоа ќе може да го стори без проблем.

Претходно, беше објавено дека специјалната јавна обвинителка од денеска ќе биде запрена на македонските гранични премини и вратена назад доколку се обиде да ја напушти државата.

„Република“ побара одговор од МВР дали навистина преку ова Министерство на сите гранични полициски сили им е испратена наредба која се однесува на лицето Катица Јанева на која стои знакот ,,S” или Стоп. Оттаму ниту ја потврдија ниту ја демантираа оваа информација. Велат не се надлежни за изјава и за одговор не упатија во Основното јавно обвинителство.

Дали доколку се обиде да ја напушти државата Јанева ќе биде приведена и однесена пред соодветните државни органи кои издале налог со знакот S одговор нема ни од ОЈО. Велат ваква информација може да даде само обвинителката Вилма Рускоска.

За потсетување, шефицата на специјалото јавно обвинителство на 15 јули поднесе неотповиклива оставка, а во оставката се вели дека таа се уште ќе биде дел од обвинитеслтвото се додека не најдат нејзин наследник. По оставката Катица Јанева од овинителството изјавија дека обвинителката од 16 јули е на боледување, но се уште не е откриена здраствената состојба на Катица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести