Непотизмот во власта продолжува и на локално ниво

Објавил: Узунов Бобан | 12 февруари, 2019 10:52

НЕПОТИЗАМ ВО ЗДРАВСТВО: Директорката на болницата во Кичево си го вработила синот ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната пратеничка на СДСМ од Кичево и сегашна директорка на болницата Кичево Билјана Настеска си го вработила синот во истата институција каде директорува. Ако за случајот со Талат Џафери оправдувањето на власта беше дека баџанак не е родница, дали синот на директорка на здравствена ситуација влегува во потесниот круг на роднини ? 

Преку социјалните мрежи се пренесуваат информации дека и поранешната пратеничка од Кичево си го вработила синот.

 

Од достапните податови Билјана Настеска е член на СДСМ  и била пратеничка од Кичево во периодот од 2014 до 2016 година.  Дипломирала на Медицински факултет и е специјалист по психијатрија а со формирањето на Владата на СДСМ именувана е за директор на болницата во Кичево. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести