Нефа мебел во нашата држава има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2019 22:55

„Нефа Мебел затвори преку ноќ- стотици купувачи останаа извисени, не ги добија платените нарачки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Купувачите останаа без својот нарачан мебел откако вчера Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ ги затвори ненадејно  салоните во Србија и Македонија, пишува СДК.

Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово, но во четвртокот попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките.

Стотици купувачи од двете земји останаа без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Српските медиуми објавија дека компанијата „Спилит“ која всушност е производител на мебелот кој го продава Нефа пред два дена побегна од Врање и остави долгови и 300 работници без работа.

Нефа мебел во нашата држава има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово.

Како што пренесоа медиумите сите три продавници вчера попладнето затвориле.Купувачите кои биле во продавницата останале без информација  каде можат да го набават својот мебел.

Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и фејсбук страните.

„Бев во сите продавници, а и во скопскиот магацин, тој беше затворен, но продавачите немаат информации дали и кога ќе ни биде испорачан купениот мебел што го плативме со рок за испорака од 35 дена. Ни рекоа да дојдеме в понеделник, ама не верувам дека ќе отворат“, вели скопјанец кој не ја добил гарнитурата платена 20.000 денари.

Како што открива тој за СДК, повеќемина купувачи веќе го пријавиле случајот во Агенцијата за заштита на потрошувачите, но се уште не знае дали тоа ќе помогне да си ги добијат нарачките.
Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести