На денешната владина седница албанскиот премиер Еди Рама имаше тешка задача со оглед на тоа дека и неговата снаа загина во земјотресот заедно со своето семејство. Тој ги читаше имињата на жртвите и во еден момент почна да плаче, но набрзо се смири и продолжи. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 12:34

НЕ МОЖЕШЕ ДА ИЗДРЖИ: Еди Рама ги читаше имињата на починатите и заплака

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанија е завиена во црно по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди во вторникот а во кој загинаа 50 лица. 

На денешната владина седница албанскиот премиер Еди Рама имаше тешка задача со оглед на тоа дека и неговата снаа загина во земјотресот заедно со своето семејство. Тој ги читаше имињата на жртвите и во еден момент почна да плаче, но набрзо се смири и продолжи. 

Меѓу 50 те загинати во земјотресот кој ја погоди Албанија е и вереницата на синот на Еди Рама, која заедно со целото нејзино семејство загина во Туман во Албанија.

Тој на денешната седница изјави дека се прекинати потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот.

– Акциите за пребарување и спасување се завршени и за жал морам да кажам дека бројот на жртвите се искачи на 50, наведе Рама. Владата донесе одлука со која на семејствата кои изгубија членови да им додели по еден милион леки (околу 8.500 евра), а ќе ги покрие и трошоците за погреб. Одлуката важи и за семејствата на браќата Шемседин и Иса Абази од Гњилане, Косово, кои загинаа при уривање на хотел во Драч. Рама им се заблагодари на екипите за потрага и спасување кои дојдоа во Албанија од повеќе земји.

Рама се заблагодари на сите оние кои помогнаа за спасување на преживеаните и објави податоци за најпогодените области.

– Сакам да им се заблагодарам на екипите за пребарување и спасување кои дојдоа од надвор. Без нив не би можеле да спасиме ниту еден жител од под урнатините. Но, ова не ја намали работата на нашите екипи за пребарување и спасување, но ним им се потребни специјални средства, рече премиерот. Сериозни оштетувања има кај 1.192 објекти, а за 265 стамбени згради треба проценка, како и за осум училишта и една здравствена установа. Во хотел сместени се 2.472 лица, додаде Рама. Тој најави дека секој кој гради за профит, при тоа злоупотребувајќи ќе биде санкциониран. – Затвор за супервизорите, архитектите и градежниците кои злоупотребуваат, изјави Рама со повишен глас на денешната владина седница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.