Според неа, кај жените, протокот на крвта е пресуден, оти од тоа зависи и секретот. А пак, кај мажите ја стимулира ерекцијата.

Објавил: Весна Петровска | 2 октомври, 2019 12:23

НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ: Вежбајте редовно за подобар секс

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Луѓето кои редовно вежбаат, имаат поцврсти и позатегнати тела и затоа се позадоволни со себе. Тоа значи и поголема самодоверба и либидо, а резултат на тоа е поквалитетен сексуален живот, тврди познатиот сексолог д-р Лорен Стрејчер, директорка на Центарот за сексуална медицина во Чикаго, Илиноис, САД.

„Аеробик-вежбите се посебно добри за подобрување на кардиоваскуларата кондиција, што го поттикнува крвотокот низ цело тело, па и во областа на гениталиите“, вели таа.

Според неа, кај жените, протокот на крвта е пресуден, оти од тоа зависи и секретот. А пак, кај мажите ја стимулира ерекцијата.

„Кај мажите, поинтензивните тренинзи го зголемуваат лачењето тестостерон, што значи и поинтензивна желба за секс“, додава таа.

Навики од кои никогаш не треба да се откажувате

Центрите за контрола и превенција од болести препорачуваат најмалку 150 минути тренинг со умерен интензитет или 75 минути поенергични аеробик-активности, неделно. Џогирањето со побрзо одење или лесен велосипедизам се примери за умерени вежби. Во поинтензивни активности спаѓаат трчање, брз велосипедизам, кошарка, одбојка, ракомет, фудбал и слично.

Добро е и овие навики да си ги применувате за да имате добар и квалитетен сексуален живот

Пијте многу вода

Во текот на денот пијте многу течности. Тоа ќе обезбеди соодветно подмачкување на интимните делови. Дехидрацијата може да биде вашиот најголем непријател. И не само тоа, водата ќе помогне во исфрлањето на токсините од телото и ќе ви помогне да го одржите доброто здравје. Исто така, треба да намалите на цигари, алкохол и кофеин, затоа што не само што овие супстанци предизвикуваат дехидрација, туку го намалуваат и либидото.

Вежбајте

Редовното вежбање е сигурен начин за подобрувањето на либидото. Исто така, вежбањето ја подобрува циркулацијата и обезбедува подобри ерекции. Со вежбање ќе го зајакнете срцето и ќе си создадете кондиција за подолги сексуални сесии. Нормално, преку вежбање ќе го зајакнете целото тело, со што ќе ви се зголеми и самодовербата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.