Професорот Фрчкоски, идеолог на СДСМ и поранешен министер во владите на Црвенковски, со своја анализа за бегството на Груевски, од кое најголем "ќар" има актуелната влада

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 7:06

Никого не можете да го убедите дека бегството не е договорено

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Идеологот на СДСМ, професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски во синоќешното гостување на 1ТВ го коментираше бегството на Никола Груевски.

Поранешниот министер во владите на Бранко Црвенковски, вината за бегството ја гледа кај МВР и ресорниот министер Спасовски.

Никого не можете да убедите дека тоа не е договор. Проблемот е кога неказнивоста се шири како став, ова е трет премиер за кого не може да се реазлира казната. Главниот креатор на криминалот го нема, и целата процедура станува иронична. Начинот на правдање како избегал е втора грешка. Очигледно е дека кај МВР е грешката.

Законска обврска е лице со одземен пасош да не му дозволите да ја напушти земјата. Оперативно МВР може да покрие лице ако процени дека има ризик. Они тука киксирале. Видете го речникот кој го употребуваат: кукавица, ги остави своите. Можеби за нив е подобро Груевски надвор, со призната вина и девалвиран, отколку Груевски како херој во затвор. Но, за нас тоа е катастрофа и очигледно они не ги сфаќаат последиците. – вели Фрчкоски.

Според Фрчкоски, Груевски ке добие азил онака без некоја посебна процедура, по брза постапка, тоа е својствено за Орбан, а не е исклучено ако премногу му тежи и да ги препрати во друга држава

Главниот креатор на криминалот го нема, и целата процедура станува иронична. – вели Фрчкоски.

Не сум сигурен дека на власта и одговара или сака да го врати назад Груевски во Македонија. Тоа се следните анализи. Тој сепак носи со себе и капитал за кој и ке му се дава прибежиште а не за нешто друго, констатира Фрчкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести