Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре“, напиша Николовски на Фејсбук.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 22:02

Николовски ќе биде вицепремиер за борба против корупција

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски е предложен за позицијата вицепремиер за борба против корупција!

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во новиот владин состав ќе биде вицепремиер за борба против корупција!
 
Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава.
Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев.
 
За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.
 
Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме.
Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре“, напиша Николовски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести