Николоски додаде дека владата не добива датум за преговори и е кажано уште во март во лице и брутално.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2019 21:36

Николоски: Владата не добива датум за преговори,тоа и е кажано уште во март

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Николоски вечерва гостуваше на „Топ Тема“ при што појасни дека ќе имаме одредници во октомври од страна на ЕУ. Јасен е речникот и на ЕУ каде што се вели дека ќе се донесе одлука, а не дека ќе се донесе датум за преговори во октомври. Што значи дека во октомври во најдобар случај за нас одлуката на ЕУ ќе е направете ги 3,5 или 10 работи до март и ќе видиме во март што ќе правиме.

-Не малцинството туку една држава ако не се согласува почеток на преговори нема да има. За жал на Македонија во овој момент тоа малцинство ако го соберете како економија, или ако го соберете како број на жители во ЕУ е мнозинство. Односно во малцинството како бројка спаѓаат најсилните држави во ЕУ. На почеток се обвинуваше само Франција дека е проблем сега еве гледаме дека и Германија е проблем. Па имавме една тирада против канцеларката Меркел ко да таа ги носи одлуките врз основа на тоа какво и е расположението наутро кога ќе се разбуди. Сето ова ние можеме да го гледаме колку сакаме широко но се сведува на една реченица Владата е неспособна и не испорачува, истакна Николоски.

Николоски додаде дека владата не добива датум за преговори и е кажано уште во март во лице и брутално. Но секако дека во јавност го кажуваат на еден друг посебен и културен начин. Но фактите се дека втора година по ред Македонија не добива датум за преговори со ЕУ. А, ова е сосема спротивно од ветеното на оваа Влада.

Извор: Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести