Ниту меѓународната заедница, а уште помалку домашната јавност и ВМРО-ДПМНЕ ќе им дозволат мирно да си крадат, пишува Николоски

Објавил: admin@magazin | 23 јули, 2018 12:22

Николоски: Фатени се живи како крадат, јавноста, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ имаат голема заслуга

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фатени се живи дека крадат, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на Фејсбук.

-Денешното стопирање на мега тендерот од фантастични баснословни 35 милиони евра, како и вчерашното „откажување“ на Кочо Анѓушев од парите што сам на себе требаше да си ги додели покажува две работи:

– Фатени се живи дека крадат! И за тоа јавноста, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ имаат голема заслуга

– Тотална забеганост и себеубедување дека ако го сменат името ќе им биде дозволено од меѓународната заедница да прават што сакаат во Македонија, како компензација за промената на името да се изнакрадат!

Мислам дека погрешно ја разбрале пораката, ниту меѓународната заедница, а уште помалку домашната јавност и ВМРО-ДПМНЕ ќе им дозволат мирно да си крадат, пишува Николоски и додава:

И за крај едно помалку филозофско прашање – колку пари се доволни за на човек да му е доста? И Заев и Анѓушев се екстремно богати луѓе. Не разбирам што ќе им плус пари, што ќе прават со нив? Знаат ли за доста? Кога ќе се наситат? Веројатно одговорот е кога ќе застанат пред едно ново реформирано судство и обвинителство!“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...