Во почетокот се надевал дека тој, како и повеќето мечки, ќе сака да избегне контакт со луѓе, и ќе си продолжи по својот пат.

Објавил: Весна Петровска | 10 август, 2019 16:05

Ни на крај не му паднало да налета на гризли во шумата – мечката се залетала во него и тогаш се сетил како да ја победи

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Колин Даулер од Канада возел велисипед низ зафрлениот шумски предел во Британска Колумбија, а сакал да истражи и неколку можни рути за планинарење. Иако мислел дека на овој пат ќе биде сам, наскоро пред него излегло гризли.

Во почетокот се надевал дека тој, како и повеќето мечки, ќе сака да избегне контакт со луѓе, и ќе си продолжи по својот пат.

Размислувал дали да се врати назад, да го заобиколи мечокот или да остане во место, но животното одлучило да се залета право на него.

Гризли нападна човек среде шума

„Се обидов сам да побегнам. Тој брзо ме стигна, па го гаѓав со велосипедот“, рече Даулер.

Потоа се обидел да се прави мртов. Додека неподвижен лежел на земја се сетил на својата последна надеж, малото ноже во џебот. Татко му му го подарил само две недели пред тоа.

„Го дофатив можот најмирно што можев, а тогаш веќе можев да го почувствувам здивот на гризлито. Ги зари забите во мојата нога. Почуваствував како забите му удираат во мојата коска. Го бодев со сечилото во глава, а потоа успеав да го забодам во вратот. Тој нож ми го спаси животот“, раскажа тој.

Иако тешко ранет, успеал да го најде својот велосипед. Возел 7 километри до најблискиот камп каде изгубил свест. За среќа, тука имало неколку кампери кои знаеле права помош и така му го спасиле животот. Канаѓанецот е префрлен во болница каде се опоравува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.