Велат дека во предизборие, сакал да купи повеќе гласови, во спротивно ќе им ги одземел тезгите од каде го ваделе лебот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 февруари, 2020 22:34

НИ СРАМ НИ ПЕРДЕ: Курто Дудуш се заканувал на пазарчиите во Шутка- Ќе гласате за мене или ќе ви ги одземам тезгите

Фото/Текст извор: ©алфа

Закани, казни и притисоци секојдневно ги тресат пазарџиите од општина Шуто Оризари. Дел од закупците на тезги пред камерата на Алфа се пожалија дека градоначалникот Курто Дудуш не престанувал да ги уценува и да се изживувал врз нив.

Велат дека во предизборие, сакал да купи повеќе гласови, во спротивно ќе им ги одземел тезгите од каде го ваделе лебот.

– Ова е веќе дивеење од него, предизборно се пазари со нас, се пожалија пазарџиите пред камерата на Алфа, кои сакаа да останат анонимни.

Поразителните политики кои ги води градоначалникот на општина Шуто Оризари, не престануваат се жалат пазарџиите. Велат отишол и до таму што почнал да удира и по нивните џебови и тоа од 50 евра па нагоре поради погрешно поставен штанд.

Курто Дудуш се прослави со изјавата дадена како пратеник од СДСМ во текот на 2017 година, кога на еден собир на граѓани во Шутка им порача на сите да си извадат членска книшка од СДСМ, бидејќи тоа ќе им биде како втора лична карта која ќе им помогне за добивање на социјално, лекарска помош, стипендија, вработување и поништување на сообраќајни казни.

Според сведочењето на пазарџиите, градоначалникот без срам и перде ги свикал во општина и јавно им се заканил дека мора да гласаат за него на претстојните избори.

Ова е само уште еден пример за праксата што власта ја спроведува во континуитет за притисок врз гласачите, посебно кон Ромите, велат тие.

Алфа беше во Општината, но градоначалникот не беше таму.
За самоволното и каубојско функционирање на градоначалникот Курто Дудуш, според соговорниците на Алфа, доказ е и неговата постапка каде ги казнува само дел од пазарџиите, а останатите може слободно и на улица да продаваат, зашто зад нив стоеле високи претставници од власта.

Тие велат дека нема да попуштат, и дека нема да дозволат да се врши притисок врз нив, по готово не сега за време на предизборие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...