Победата на Австралија Опен утре ќе му донесе и враќање на првото место на АТП Фокс, каде ќе го престигне Шпанецот Рафаел Надал.

Објавил: Перо Милчин | 2 февруари, 2020 14:23

Новак е апсолутен господар во Австралија: Ѓоковиќ го сомле Тим и се закити со 8- ми Грен слем во Мелбурн

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новак Ѓоковиќ повторно се искачи на врвот во Мелбурн и по осми пат во својата кариера (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019) го освои Австралија Опен, првиот турнир од Грен слем серијата на светскиот тенис.

Ѓоковиќ стигна до рекордната осма шампионска титула во Мелбурн по голема борба и четири часа и три минути игра.

Победата на Австралија Опен утре ќе му донесе и враќање на првото место на АТП Фокс, каде ќе го престигне Шпанецот Рафаел Надал.

Со овој триумф, Србинот покажа дека е вистински „крал“ во Мелбурн каде има осум победи во осумте финалиња.

Тоа беше 26-то финале на најголемите турнири за српскиот тенисер, доаѓајќи до неговата 17-та грен слем титула во кариерата.

Откако го доби четвртиот сет со 6:3, Ноле направи рано брејк на стартот на одлучувачкиот сет, а потоа само одржуваше до крајот и со 6:4 стигна до својата рекордна осма титула на Австралија Опен, или 17 грен слем титула во својата фантастична кариера. 

Ѓоковиќ во победничкиот говор ја спомена и смртта на кошаркарот Коби Брајант, велејќи дека тоа е потсетник за сите нас колку е важно да се поминува времето со семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис