Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Новак Ѓоковиќ победи со 3-0, по сетови 6:3, 6:2 и 6:3.

Објавил: Перо Милчин | 27 јануари, 2019 13:46

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Австралија опен

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Србинот Новак Ѓоковиќ го освои седмиот Грен слем трофеј на Австралија опен, откако денеска во финалето го победи шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Новак Ѓоковиќ победи со 3-0, по сетови 6:3, 6:2 и 6:3.
За првиот светски рекет ова беше вкупно 15 та Гренд слем титула. Ѓоковиќ води во меѓусебните мечеви со Шпанецот Рафаел Надал со 28:25.
Наградниот фонд на Отвореното тениско првенство на Австралија 219 изнесуваше 44,7 милиони долари.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир.

Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис