Радикалните обвинувања на властите во Анкара, го предизвикаа новинарот Јуџел, да бара 500.000 долари оштета од државата за една година затвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 7:07

Новинар обвинет за тероризам бара отштета од Турција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дениз Јуџел, германско турски државјанин и дописник за германскиот весник „Ди Велт“ кој помина една година во турски затвор под обвинение за поврзаност со тероризам, ја тужи турската влада и бара паричен надомест за деновите поминати во затвор.

Германскиот огранок на Новинари без граници, напиша на Твитер дека Јуџел, кој беше уапсен во Турција во февруари минатата година и ослободен речиси една година подоцна, бара еден милион турски лири (152.000 долари) како надомест за деновите поминати во притвор, додека неговиот адвокат Вејсел Ок вели дека бара 2.98 милиони лири (455.000 долари). 

„Очекуваме случајот да послужи како пример за другите незаконски притворени новинари , рече Ок.

Првото рочиште во судската постапка која се темели на тужбата на Јуџел против владата ќе биде на 25 септември во Истанбул.

Постапката против Јуџел врз основа на обвинението за терористичка пропаганда и бунт продолжува и во негово отсуство. Следното рочиште е закажано за 20 декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести