Најмалку една ракета била истрелана, јави АФП. Засега нема други детали.

Објавил: admin@magazin | 14 јануари, 2020 21:45

НОВ РАКЕТЕН НАПАД НА АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ИРАК: Гаѓана базата во која се наоѓаат американските војници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во новиот ракетен напад во Ирак, целта била воената база Таџи лоцирана северно од Багдад, во која се сместени и американски трупи.

Најмалку една ракета била истрелана, јави АФП. Засега нема други детали.

Според извештаите на локалните медиуми, базата била застрелана со 5 ракети. Ситуацијата на Блискиот исток ескалираше по убиството на командантот на иранската елита „Кудс“, Касим Сулејмани, за време на нападот на американските сили на аеродромот во Багдад.

Ракетите кои на почетокот на јануари експлодираа во Багдад дошле на 100 метри до амбасадата на САД, пренесува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на полициски извори. Ракетите, како што пренесува агенцијата, паднале во Зелената зона без да предизвикаат човечки жртви, но предизвикале пожар.

Експлозиите доаѓаат откако Иран лансираше дванаесет ракети кон ирачките бази во кои се сместени американските трупи.

Одговорноста за нападот на базите ја презеде иранската Револуционерна гарда од каде, наведоа дека нападите доаѓаат како одмазда за убиството на генералот Касим Сулејмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.