Како што беше објавено вчера во КОД, оперативци на МВР вршеле шпионски акции во странство за потреби на странска држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 декември, 2019 11:21

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ВЛАДАТА: Припадници на МВР шпиунирале во странски земји!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов скандал откри вчера емисијата Код на Снежана Лупевска . Минатата недела речиси секој ден нов скандал ја тресеше Владата но се чини дека има уште.

Како што беше објавено вчера во КОД, оперативци на МВР вршеле шпионски акции во странство за потреби на странска држава.

Аферата со шпионски камперски возила на УБК може да има далекусежни последици во македонските евроинтеграции.

Кoд дознава дека повеќе припадници на МВР биле во тајна мисија во странски земји.

Нивна задача се до пред неколку месеци била со лажен идентитет и со помош на специјална техника да шпионираат надвор од границите на службата и државата – во земји членки на Европската Унија или НАТО.

Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица.

Во извештајот на служби на МВР според извор на КОД стои и дека се користени возила со уреди за следење за кои биле користени камп возила со светла боја и скопски таблички но таблиците биле фалсификат.

Но сето ова тајните агенти не го вршеле за македонската тајна служба – матичната УБК, туку за служба пријателска на петтата управа со која има долгогодишна соработка.

Код вечерва ќе открие што крие одземеното досие од претресот кај Фросина Ременски осомничена во случајот Рекет?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...