Во Норвешка досега се заразени 907 лица, а две лица починаа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 март, 2020 19:44

Норвешка ги затвора сите аеродроми поради корона вирусот: Во оваа земја има 907 заразени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите аеродроми во Норвешка ќе бидат привремено затворени од понеделник, 16 март, наутро, за да се спречи ширењето на коронавирусите, изјави премиерот Ерна Солберг.

Таа изјави дека на норвешките граѓани ќе им биде дозволено да се вратат во земјата.
Норвешката влада е подготвена да стори сé што е потребно за да и помогне на економијата на земјата погодена од затворањето фирми заради вирусот корона, пренесува Ројтерс.

Владата, исто така, ќе побара увоз на медицинска опрема од Кина. Во Норвешка досега се заразени 907 лица, а две лица починаа.

Косово ја затвори границата со Македонија, потврдија и од македонското МВР. По вчерашната одлука на косовската влада границата е затворена освен за влез на косовски државјани и проток на стока.

Од единствениот отворен граничен премин на Косово, ќе биде отворен граничниот премин Блаце.

Во Косово денеска е потврден нов случај на заразен од коронавирусот, така што бројката се зголеми на три. Вкупно се тестирани 140 лица, а во текот на ноќта се очекуваат резултатите од 90 луѓе кои биле во контакт со заболените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.