Во текот на идната недела Судискиот совет од Апелација ќе одлучува за притворот на Катица Јанева. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 16:08

Обвинителството против укинувањето на куќниот притвор на Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Барањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за укинување на мерката куќен притвор денеска беше одбиено од Вишото јавно обвинителство од каде беше испратено мислење до Апелациониот суд  со кое бара судискиот совет да ја одбие нејзината жалба пренесува „А1он„.

Катица Јанева (родена Делиџакова, на 9 февруари 1965 година) — специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија. Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил преседател на Основниот суд во Гевгелија.

-Oд страна на Вишото јавно обвинителство до надлежниот Апелационен суд е доставен предлог со кој се предлага жалбата на обвинетата да се одбие како неоснована, при што надлежниот јавен обвинител ги имал предвид сите околности поврзани со мерката за обезбедување присуство на обвинетата во текот на постапката, како и наводите во изјавената жалба“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Во текот на идната недела Судискиот совет од Апелација ќе одлучува за притворот на Катица Јанева. 

На 18 декември 2019 година апелација одлучи Јанева да биде пуштена од Истражниот затвор „Скопје“ во куќен притвор по неколку нејзини жалби.

Ваквата одлука беше донесена бидејќи судот сметаше дека Јанева има лоша здравствена состојба и кардиолошки проблеми.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести