Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 7:04

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата во државниот сервис, под знак прашалник што се државата има да скрие.

Имено иако помпезно најавен, пропадна обидот да се изберат новите членови на антикорупциската комисија.

Пратениците од владејачката коалиција не можеа да се договорат дали се подготвени да одлучат кои ќе бидат новите антикорупционери од пристигнатите 39 апликации, па така на синоќешната седница, точката за избор на петмина членови беше тргната.

Пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегиќ побара точката да се тргне од дневен ред.

Таа рече дека прво треба да се почека новото законско решение, а потоа да се изберат членовите на ова тело. На барање на пратеникот од ДУИ, Артан Груби беше дадена пауза, за да се направат дополнителни консултации, но и тоа не донесе решениe.

Oдлуката за распишување на оглас за избор на нови членови на антикорупциска беше усвоена во октомври годинава на предлог поднесен од пратеникот Илија Димовски кој е и претседател на комисијата за избор и именување.

Уште тогаш владеачкото мнозинство најави дека иако се согласува со објавувањето на огласот нема да гласа за избор на нови членови се додека не се донесе новиот закон.

Антикорупциската комисија, речиси десет месеци не функционира бидејќи старите членови си поднесоа оставкa, откако во јавноста изби скандалот со користење неверодостојни налози врз основа на кои на членовите им биле исплаќани патни трошоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести