Судот ќе одреди дали на Јакимовски ќе му се изрече мерка притвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 12:33

ОБНОВЕНО: Јакимовски во 13 часот ќе биде изведен пред судија од Кривичниот суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски синоќа е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје.

Како е соопштено во 13 часот Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

“Стевчо Јакимовски синоќа околу 23:30 часот е лишен од слобода. Согласно Законот за кривична постапка течат роковите и во наредните 24 часа тој треба да биде изведен пред судија на претходна постапка. Дотогаш тој ќе биде во полициската станица “Кисела Вода”. Очекуваме наскоро да биде повикани пред судија на претходна постапка кога ќе се знае дали ќе има некакви предлог мерки од обвинителството и другите надлежни органи. Синоќешниот претрес траеше 4 часа.” – изјави адвокатот на поранешниот градоначалник Виктор Цветковски.

Според Цветковски ова е атак врз политичкиот ангажман на Стевчо Јакимовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести