ОД ДЕНЕСКА АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ДО 20 часот, БИЛЕТАРНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 18.30 часот!
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од денеска, вторник (6.04.2021 год) до вторник (20.04.2021 год), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.
Режимот на јавен превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска, па во наредните две недели.
Ве потсетуваме дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата!
🔍Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.