ОД УТРЕ, ДЕЛОВИ ОД УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ЗА СООБРАЌАЈ!
Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре (09.10.2020 година), по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов, согласно со привремениот режим на сообраќај.
Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа.
Градот Скопје апелира до сите ученици во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ги користат околните улици.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.