Според Османи за олабавувањето на рестриктивните мерки ќе се одлучува понатаму, а воедно појасни и дека сето тоа ќе биде во консултација со стручни лица а не според некакви политички калкулации.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 мај, 2020 16:44

Османи: Државата да изготви мерки за заштита при верските обреди!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вице премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и заменик-претседател на Владата рече дека се прават сите напори за државата да се врати во нормала и се да функционира како и пред пандемијата со Ковид-19.

– Тука не сме за да идентификуваме одговорност, тоа го прават други институции, тука сме да разговараме како да се вратиме во новата нормалност што полека треба да ја постигнеме после пандемијата. Истовремено да го зачуваме здравјето, а да овозможиме на верниците да ги обавуваат своите обреди, рече Османи

Според Османи за олабавувањето на рестриктивните мерки ќе се одлучува понатаму, а воедно појасни и дека сето тоа ќе биде во консултација со стручни лица а не според некакви политички калкулации.

– Четиринаесет дена последователно со помалку од пет проценти позитивни случаи на коронавирус од бројот тестирани. Имавме ситуација 13 дена бројката позитивни од тестираните да биде под пет проценти, за потоа таа бројка да отстапи. Сега треба да се види дали тоа е моментално отстапување или тренд што трае, појасни Османи.

Според Османи државата мора д анајде начин за верските собири кои воедно се спротивно на препораките за заштита од коронавирусот.

– Верниците не се криминалци, нивната потреба за враќање на врската со верата не е криминал. Државата е должна да изготви сет мерки, а верските заедници да ги почитуваат. Можеби требало подобра координација на верските заедници со државата во време кога беа носени одредени одлуки, но реалноста сега е таква, одлуката е донесена како да се адаптираме на оваа ситуација. Моја должност е да бидам во блиска соработка со сите верски заедници, за да може да го штитиме здравјето на луѓето во текот на верските обреди, рече Османи, нагласувајќи ја потребата од почитување на мерките, координираност на сите чинители во општеството со што би се елиминирале какви било перцепции за постоење некакво верско ривалство во мерките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести