Од Алтернатива ја потврдуваат средбата и велат дека тие ги почнуваат преговорите за влез во владата и дека во овие моменти не се знае кои и колку министерства би добиле.

Објавил: Перо Милчин | 18 ноември, 2021 18:46

ОСМАНИ: СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА НОВОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

Фото/Текст извор: ©24 vesti

Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, а средбата е закажана за 15 и 30 минути во клубот на пратеници.

Од Алтернатива ја потврдуваат средбата и велат дека тие ги почнуваат преговорите за влез во владата и дека во овие моменти не се знае кои и колку министерства би добиле.

Претеникот Скендер Реџепи за ТВ24 вели дека органите на партијата ќе се изјаснат за влегувањето во владеачката коалиција, но според неговите проценки во овие моменти партијата би дала предност на евроинтегративните процеси.

Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е наш приотитет во овој момент.“ – Скендер Реџепи, Пратеник на „Алтернатива“.

Од Владата соопштија дека денеска премиерот Заев се сретнал со пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи со кого ја потврдиле заедничката заложба за одржување на реформскиот и европскиот курс на земјата. Заев и Реџепи велат од владата заклучиле дека народната воља за мирно и заедничко живеење ќе биде изразена преку стабилно мнозинство во парламентот. Од владата исто така потврдуваат дека наскоро, веќе следната недела ќе се официјализира новото парламентарно мнозинство.  

Засега не е јасно кои позиции би ги заземала Алтернатива во владата. Од партијата објаснуваат дека немаат договорени министерства и директорски места и дека за тоа ќе се преговара со премиерот. Досегашните неофицијални информации велат дека на Алтернатива ќе и бидат понудени две министерски места, за разлика од едното министерство за земјоделство на БЕСА.

Со оглед на јасниот став на ДУИ дека нејзини министри нема потреба да бидат сменети, од СДСМ неофицијално потврдуваат дека евентуалното второ министерство ќе оди од нивното конто, но можно е ДУИ да одстапи некои директорски места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести