„Двоглавниот орел значи порака „јас сум Албанец“. И тоа е знак на идентификација, ако некому пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец тоа е негов проблем изјави Османи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јануари, 2019 16:07

Османи : “Јас сум Албанец ! Kому му пречи, тоа е негов проблем”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Со вкрстени раце во вид на орел, Претседателот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот за евро-интеграции Бујар Османи, пред неколку денови на Фејсбук го честитаа официјализирањето на законот за јазици.

Османи даде јасно појаснување за неговата фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која симболизираат „двоглав орел“.

Тој изјави дека е негово е правото како ќе се самоидентификува, затоа државата гарантира голема слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници. Исто така рече дека двоглавиот орел е во службена определба.

„Двоглавниот орел значи порака „јас сум Албанец“. И тоа е знак на идентификација, ако некому пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ке бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам“, вели Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести