Османи ќе биде присутен и на тркалезната маса пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 февруари, 2019 18:55

Османи ќе јаде на маса молитвен појадок со Трамп !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бујар Османи вицепремиерот задолжен за европски прашања, оваа недела ќе отпатува во Вашингтон, во рамките на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во Вашингтон Османи ќе оствари состаноци со високи претставници на Белата куќа, меѓу кои и со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, како и со Вилијам Беркли, директор за НАТО и Европски прашања во Националниот Совет за Безбедност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со членот на Извршниот Комитет, Влатко Ѓорчев, претходната година, присуствуваше на 66-тиот молитвен појадок кој во Вашингтон беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Планирана е и посета и на американскиот Конгрес, каде тој ќе има средба со бројни конгресмени и сенатори, меѓу кои и со Конгресменот Стив Стилерс, Деби Дингел, ко-претседавач со Демократскиот комитет за креирање политики во Конгресот на САД; а централна посета на Конгресот ќе биде средбата со новиот Претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот на САД – Елиот Ејџел.

Османи ќе биде присутен и на тркалезната маса пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести