Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2019 13:33

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО реагираат дека оставката на Богоевски е манипулација на власта

Ако имаш 500.000 луѓе сиромашни, а секојдневно државата се задолжува, тогаш економскиот напредок на државата е нула.Заев заедно со неговата банда за само две години ја опустоши земјата.Народните пари служат за исплата на партиските потрчковци преку разни криминални тендери и грантови. Ова не се случува во една држава која блеска.Македонија ќе заблеска кога Зоран Заев ќе си замине од власт. Само тогаш Македонија ќе се врати на правиот пат и повторно да заблеска. 

Од ВМРО додаваат и за одговорност СДСМ може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта. 

Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор. Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци. Местото на Заев како и на Богоевски не е во политиката. Нивно место единствено е во некоја казнено поправна установа, каде што ќе одговараат за своите криминали по враќањето на правната држава.Кога Зоран Заев и неговата криминална банда ќе си заминат од политичката сцена Македонија ќе заблеска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести