Дали сега Мира Дизел, Бујар Османи и Галетановски Чомбе ќе го следат примерот на поднесување на оставки?

Објавил: Данаил Михајловски | 23 мај, 2019 13:18

Оставката на Павле Богоевски е предизвик за Мира Дизел и Бујар Османи!

Фото/Текст извор: ©магазин

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај. Не може пратеник кој што се борел за правда и за еднаквост на правото, без разлика на причините да ги крши законите. Затоа ќе поставам пример кој се надевам сите ќе го следат. Каде етиката и моралот ќе бидат над желбата за функцијата и како што некој пријатели на социјалните мрежи напишаа ќе си ја гушнам одговорноста и ќе се ги понесам последиците. Знам дека политиката е валкана игра. – рече Богоевски и соопшти дека оставката ќе стапи во ефект по гласањето на пленарната седница за одземање на мандатот на Никола Груевски.

Сега се поставува прашањето дали со овој потег на Павле Богоевски не им се фрла ракавица и на други функционери на власта, за кои се водат одредени истраги. На пример, во јавноста на големо се зборуваше за непотизмот според кој функционирала пратеничката Мира Стојчевска Дизел, како и нејзината колешка Анета Симеска Димоска. Дали и овие две пратенички од СДСМ ќе го следат примерот на Богоевски кој рече “етиката и моралот да бидат над желбата за функции“ останува да се види. Понатаму, во јавноста се појави и дилема дали вице-премиерот за евроинтеграции Бујар Османи треба сеуште да биде на таа позиција доколку се знае дека лично Заев, уште кога беше опозиционер, ја објави кривичната пријава за злоупотреба на повеќе милиони евра за набавки како министер за здравство. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека нема да поднесе оставка од функцијата, поради истрагата “Пациент“ која против него ја отвори СЈО. Османи на прес конференција во владата во октомври 2018 година рече дека е сигурен во чесноста на неговите постапки додека бил Министер за здравство, и дека најголем дел од проектите кои што биле спроведени во негово време биле за доброто на граѓаните. Тоа ќе го докажел во текот на процесот, а единствено што му замерува на СЈО е тоа што не му било испочитувано правото на пресумпција на невиност. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести