Бродот "Дичоти" беше укотвен на 16-ти август и министерот за полиција Салвани 10 дена не дозволи 177 мигранти да се симнат на италијанско копно

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 14:49

Оставка на првиот човек на италијанската Агенција за лекови поради лошиот однос кон мигрантите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот човек на италијанската Агенција за лекови Стефано Вела поднесе оставка во знак на протест поради острата политика на Владата во врска со мигрантските прашања објавија италијанските медиуми.

Одлуката на Вела е реакција на долгото држење на мигрантите на бродот “Дичоти” во Катанија на Сицилија кое заврши синоќа.

“Како лекар не можам да дозволам да раководам државна здравствена институција во момент кога луѓе се третирани на ваков начин на наша територија”. – истакна Вела.

Тој додаде дека секој што е против острата политика на министерот за внатрешни работи Матео Салвани треба да го направи истото.

Мигрантите на бродот “Дичоти” беа спасени на 16 август.

Откако стигнаа на пристаништето министерот Салвани не им дозволи да се симнат на италијанска територија. Тој побара други земји на ЕУ да ги прифатат мигрантите. Салвани дозволи дури синоќа луѓето да излезат од бродот откако Албанија – Ирска и италијанската католичка црква се согласија да ги преземат мигрантите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести