Во рамки на настанот ќе се одржи концерт на Хана Корнети, а ќе биде претставен и муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч изработен на фасадата на КСП „Центар-Јадро“.

Објавил: Владо Марин | 7 октомври, 2020 10:41

ОТВОРАЊЕ НА КУЛТУРНО-СОЦИЈАЛНИОТ ПРОСТОР „ЦЕНТАР-ЈАДРО“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ОТВОРАЊЕ НА КУЛТУРНО-СОЦИЈАЛНИОТ ПРОСТОР „ЦЕНТАР-ЈАДРО“!

На иницијатива на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, денеска ќе биде отворен Културно-социјалниот простор „Центар -Јадро“, лоциран на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр.2 во Скопје.

Отворањето на КСП ќе се одбележи пред објектот, на отворено, согласно со протоколите за одржување јавни настани, а основачите на прес-конференција ќе ги соопштат целите на институцијата, досегашните достигнувања и понатамошните планови за развој и соработка.

Во рамки на настанот ќе се одржи концерт на Хана Корнети, а ќе биде претставен и муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч изработен на фасадата на КСП „Центар-Јадро“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.