Оваа година Русија требаше да слави 75 години од големата победа над нацистите, но тоа се одложи за друг датум.

Објавил: Перо Милчин | 16 април, 2020 20:32

ОТКАЖАНА ВОЕНАТА ПАРАДА ВО МОСКВА: Точниот ден на настанот е сè уште непознат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Воената парада во Москва во знак на победата во Втората светска војна е откажана поради пандемија на коронавирус.

Требаше традиционално да се одржи на 9 мај, но околностите спречија да се одржи на тој датум.

Оваа година Русија требаше да слави 75 години од големата победа над нацистите, но тоа се одложи за друг датум.
Точниот ден на настанот е сè уште непознат.

Оваа година Русија требаше да слави 75 години од големата победа над нацистите, но тоа се одложи за друг датум.

Московска парада на победата е воена парада по повод победата над нацистичка Германија во Големата татковинска војна (Втората светска војна). Се одржала во главниот град на СССР, Москва, во која главен настан била воената парада низ Црвениот плоштад. Се одржала на дождливиот 24 јуни 1945 г, преку месец по 9 мај, денот на германската капитулација.

Маршалите Георгиј Жуков, кој формално ја прифатил капитулацијата на Германија, и Константин Рокосовски, јавале низ парадниот терен на црн и бел пастув.

Овој чин е овековечен со коњичка скулптура на Жуков пред Државниот историски музеј на Манежниот плоштад. Премиерот на СССР, Јосиф Сталин ја надгледувал парадата од покривот на Лениновиот мавзолеј.

Главни атракции на парадата биле приказите на пешадијата, артилеријата и восдухопловните сили.

Еден од насјлавните нејзини елементи е моментот кога по парадата на пешадијата, војниците Црвената армија донеле германски знамиња и ги фрлиле до мавзолејот. Едено од фрлените знамиња ѝ припаѓало на Личната гарда на Адолф Хитлер, воздигната до ниво на дивизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.