На наредната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува шестмесечниот извештај од работењето на ЈП „Градски паркинг“ за периодот од 01.01.2020 година до 30.06.2020 година, кое бележи значајно намалување на приходите споредено со истиот период минатата година.
Билансот на успех за периодот од 1 јануари до 30 јуни покажува дека приходите на претпријатието се намалиле за речиси 30% во однос на истиот период минатата година.
Намалувањето, во голема мера се должи на падот на оперативните приходи – приходи од паркирање и приходи од отстранување на непрописно паркирани возила како последица на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид19.
Во периодот на вонредна состојба паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.