Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2020 10:47

Пановски: Ситуацијата со коронавирусот излезе од контрола

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја зграда или куќа во која има кластери, да се контролираат тие места, вели за ,,Слободен печат“ доктор Никола Пановски.

Никола Пановски е поранешен директор на Фондот за здравство. Според него можеби општините кои се жариште би требало да бидат ставени во целосен карантин!

Ситуацијата со коронавирусот е сериозно излезена од контрола и единствениот спас е да се стават жариштата со најголем број новозаразени во карантин и да се направи обид да се ублажи ситуацијата, тврдат епидемиолозите, откако вчера бројката на нови потврдени со ковид-19 значително порасна. Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители. Бидејќи Комисијата за заразни болести тврди дека ја има ситуацијата под контрола, треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја зграда или куќа во која има кластери, да се контролираат тие места – тврди за ,,Слободен печат“ доктор Никола Пановски.

Доктор Пановски веќе неколку пати веднаш о укинувањето на полицискиот час рече дека тоа е погрешен чекор да се намалуваат мерките во момент кога бројот на заразени расте и предложи општините што се жариште да бидат ставени во карантин.

За мене е неочекувано од медицински аспект и не гледам зошто сега би се олабавиле мерките кога бројот на активни случаи расте, така што меркиве немаат оправдание од тој аспект. Друго е да паѓаат па да се очекува. Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Границите не знам за кого би се отвориле, први јуни е многу рано и никој нема да не прими на 1 јуни да одиме. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час. рече претходно Пановски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести