Светскиот ден на младите, кој е закажан за 2022 година во Лисабон, е одложен за 2023 година, објави Ројтерс.

Објавил: Перо Милчин | 21 април, 2020 12:06

Папа Фрањо откажа големи настани закажани за 2021 и 2022 година: Пандемијата му ги поремети плановите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Папата Фрањо одложи два големи меѓународни настани на Католичката црква поради пандемијата на коронавирус, објави денеска Ватикан.

Папата го одложи Светскиот состанок со семејствата, што требаше да се одржи во Рим следната година и го одложи до 2022 година.

Папата го одложи Светскиот состанок со семејствата, што требаше да се одржи во Рим следната година и го одложи до 2022 година.

Светскиот ден на младите, кој е закажан за 2022 година во Лисабон, е одложен за 2023 година, објави Ројтерс. 

Папата Фрањо изјави дека пандемијата е една од „реакциите“ на природата кон луѓето кои ја игнорираат тековната еколошка криза.

Папата Фрањо, исто така рече дека бездомниците треба да бидат карантинирани во хотелите, а не на паркинзите.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.490.096 лицa. Од нив починати се 170.561, а оздравеле 653.231 луѓе. Во изминатите 24 часа во Ррусија има 5.642 нови случаи на заразени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.